ПЛАНОВИ И ИНВЕСТИЦИИ
Развојни планови и инвестиции

  Следејќи го стабилниот раст и растот на побарувачката на пазарот, менаџментот на компанијата разгледува можности за подобрувања и проширување на производниот капацитет во двата дела на главниот технолошки процес (леарница и екструзија), и додавање вредност на финалните производи преку дополнителна површинска заштита на готовите производи.

  Подобрувањата во леарницата, каде се врши топење и легирање на алуминиумот, се планирани со воведувањето на т.н. SNIF систем (Spinning Nozzle Inert Flotation System ).  Ова е систем на рафинирање кој овозможува подобрен квалитет на металот, намалено време за процесирање, намалени емисии и пониски оперативни трошоци.  Како што стандардите за квалитет за алуминиумските профили се зголемуваат, рафинирањето стана неопходно.  SNIF системот, првобитно развиен од страна на Union Carbide во 1974 година, е широко прифатен и применет низ целиот свет. ТЕАЛ во моментот не располага со таков систем а негово воведување значително би ги намалило загубите во производниот процес.

  Подобрувањата во процесот на екструзија се планирани преку постојани активности на одржување и подобрување на постоечката опрема и набавка на нова преса за екструзија, со поголем капацитет, што ќе и овозможи на компанијата да започне производство на висококвалитетни профили од тврди легури на алуминиум, за кои постои големо побарување на пазарот.
 
  Воведувањето на површинска заштита е дополнителна додадена вредност на финалниот производ, и истото ќе се направи преку воведување на процес на анодизација (елоксирање), а подоцна и со воведување на процес на површинска заштита со прашкасто бојадисување.


Сите права се задржани. А.Д. ТЕАЛ - Тетово
дома
за нас
дејност
продукти
галерија
контакт

А.Д. ТЕАЛ - Тетово



Македонски
I English
ул. “Браќа Младинови “ бб
1200 Тетово, Македонија
Телефон: +389 44 335 290
+389 44 335-291
Факс: +389 44 335-289