Кратка историја

  Главна активност на акционерското друштво ТЕАЛ АД е производство на алуминиумски легури и алуминиумски профили.  Друштвото беше основано во 1979 година како дел од АЛУМИНА - Скопје.  Во 1989 година ТЕАЛ беше пререгистриран како посебно претпријатие.Во 1999 година, доминантен сопственик стана германската компанија РАКУ.
  Во изминатите 10 години, менаџерскиот тим воведе модерни менаџмент и производнипрактики, кои резултираа во поголема искористеност на капацитетот, зголемена продажба и зголемен профит.  Ова беше наградено со препознавање на квалитетот на процесите и производите, преку успешното воведување и сертификација за ИСО 9001.2000.  Ова дополнително ја зајакна конкурентната предност на компанијата на извозните пазари, како доверлив добавувач на алуминиумски профили за индустријата.

  Компанијата е лоцирана во Тетово, втор по големина град во Македонија.  Земјиштето и халите се со доволен капацитет за потенцијален иден раст.

ИНФОРМАЦИИ

Сите права се задржани. А.Д. ТЕАЛ - Тетово
  Во ТЕАЛ во моментот се вработени 72 работници вклучувајкќи и високостручни и квалификувани кадри со долгогодишно работно искуство.  Дополнително, ангажирани се и надворешни соработници.  Производството се одвива во три смени, кое е условено со целите за постигнување на поголема искористеност на капацитетот.
  Од 2003 година, претпријатието бележи постојан пораст на производството и продажбата.  Во 2006, 2007 и 2008 година, беа произведени максимални количини од над 2000 тони алуминиумски профили и легури годишно.

  ТЕАЛ има едностепен систем на управување.  Одборот на директори се состои од 5 лица, од кои едно е внатрешно од компанијата, е другите се надворешни.
ТЕАЛ располага со работен простор - индустриски објект и земјиште во Тетово и во село Милетино близу Тетово:  во Тетово - погони за производство и административна зграда се со вкупна површина од 7981 м2 и земјиште од 70.180 м2. Во с. Милетино - погон за изработка на алуминиумска галантерија е со површина од 756 м2 и земјиште од 9.184 м2.

  Во изминатите неколку години се инвестираше во одржување и модернизирање на постоечката опрема.  Стратешката определба на компанијата е добар квалитет и постојан развој, за што компанијата гарантира со модерните лаборатории за металографија, спектрометрија и механичко испитување, но и со влезната контрола на суровините и завршната контрола на готовите производи. 
 
  ТЕАЛ поседува сертификат ИСО 9001:2008, добиен од страна на LLOYD'S REGISTER.

  На позицијата извршен директор е г-динот Васил Чорбаџиев.  Г-динот Чорбаџиев е дипломиран инженер по металургија и има големо работно искуство кое го стекна работејќи најпрвин во Железарница - Скопје, а потоа и во ТЕАЛ.  Во ТЕАЛ е од 1995 година и во целост ги познава процесите на производството и управувањето со квалитетот.  Како извршен директор, г-динот Чорбаџиев е одговорен за преговори и договори со главните клиенти. На позицијата заменик директор е г-динот Сотир Чорбаџиев.  По образование е дипломиран инженер архитект.  Неговото работно искуство, пред доаѓањето во ТЕАЛ, е во соработка со скопската Алумина, каде како архитект учествувал во дизајнирањето на профили, но и во дизајнирањето на градежни решенија во кои се инкорпорирани алуминиумски профили.  Тој е одговорен за управувањето со квалитетот, следењето на производните процеси и управувањето со менаџмент информацискиот систем.

дома
за нас
дејност
продукти
галерија
контакт

А.Д. ТЕАЛ - Тетово



Македонски
I English
ул. “Браќа Младинови “ бб
1200 Тетово, Македонија
Телефон: +389 44 335 290
+389 44 335-291
Факс: +389 44 335-289