— Информации за компанијата
Главна дејност на трговското друштво ТЕАЛ АД од Тетово е производство на алуминиумски легури и профили. Друштвото е формирано уште во 1979 година како составен дел на тогашниот комплекс за алуминиумски профили и преработки – “АЛУМИНА” од Скопје.
Десеттина години подоцна, согласно со Законот за претпријатија, во 1989 година, ТЕАЛ се регистрира како самостојно претпријатие, за да во 1991 година стане акционерско друштво.
Во 1999 година, доминантен сопственик на ТЕАЛ, со 53%, станува германската компанија РАКУ од Обернбург – Германија и од тогаш работи како акционерско друштво со мнозински приватен капитал.
Главни дејности на ТЕАЛ се:
– производство на алуминиумски трупци, блок за дезоксидација и легури;
– производство на пресувани алуминиумски профили, цевки и шипки;
– изработка на алуминиумска галантерија, конзоли за електродистри-бутивната мрежа итн.
ТЕАЛ е извозно ориентирана компанија. Над 90% од производството е наменето за странските пазари и тоа Србија, Германија, Австрија и Словенија.
Главна суровина во производниот процес е чист алуминиум во форма на инготи, со чистина од 99,7% – 99,8%.
— Производен процес
Производниот процес, имплементиран во ТЕАЛ, е всушност интегриран производен систем, кој започнува со топење на суровината, чист алумуниум во 5t индукциони печки, со додавање на други легирачки елементи, како што се бакар, силициум и магнезиум; и завршува со готов производ – алуминиумски профил со различни попречни пресеци и форми.
Производниот процес е поделен во две главни фази:
– процес на производство на алуминиумски легури во форми на трупци, инготи;
– екструзија на трупците во профили со различен попречен пресек, проследено со термичка обработка онаму каде што тоа е потребно.
Годишниот производен капацитет е околку 2000 тони готов производ, во три смени. Менаџментот беше во состојба да го зголеми производниот капацитет со подобрувања направени во самиот процес и во технологијата. Во моментот компанијата работи близу до максимално искористување на капацитетот.
— Статистика
1989
година
Друштвото беше основано во 1979 година како дел од АЛУМИНА – Скопје. Во 1989 година ТЕАЛ беше пререгистриран како посебно претпријатие. Во 1999 година, доминантен сопственик стана германската компанија РАКУ.
2000
Тони
Годишниот производен капацитет е околку 2000 тони готов производ, во три смени.
Фаза 1
2 фази
Процес на производство на алуминиумски легури во форми на трупци, инготи
Фаза 2
2 фази
Екструзија на трупците во профили со различен попречен пресек, проследено со термичка обработка онаму каде што тоа е потребно.
— Пазари
Над 90% од производството се извезува.Главни извозни пазари се Србија, Словенија, Австрија и Германија.Директните купувачи се поделени во две главни групи: производители кои користат алуминиумски профили во нивниот производен процес и трговци на големо. Производството на ТЕАЛ е организирано исклучително според потврдени нарачки од купувачите.
Во светски рамки, постои голема побарувачка за алуминиумски профили. Алуминиумските легури се покажаа дека се вистинскиот избор за голем број апликации поради јачината на материјалот во поглед на неговата мала специфична тежина. Светскиот пазар на алуминиумски профили се проценува на над 26 милијарди УС долари.