— Кратка историја


Главна активност на акционерското друштво ТЕАЛ АД е производство на алуминиумски легури и алуминиумски профили.

Друштвото беше основано во 1979 година како дел од АЛУМИНА – Скопје. Во 1989 година ТЕАЛ беше пререгистриран како посебно претпријатие. Во 1999 година, доминантен сопственик стана германската компанија РАКУ.

Во изминатите 10 години, менаџерскиот тим воведе модерни менаџмент и производнипрактики, кои резултираа во поголема искористеност на капацитетот, зголемена продажба и зголемен профит.  Ова беше наградено со препознавање на квалитетот на процесите и производите, преку успешното воведување и сертификација за ИСО 9001.2000.  Ова дополнително ја зајакна конкурентната предност на компанијата на извозните пазари, како доверлив добавувач на алуминиумски профили за индустријата.


— Статистика


Од 2003 година, претпријатието бележи постојан пораст на производството и продажбата. Во 2006, 2007 и 2008 година, беа произведени максимални количини од над 2000 тони алуминиумски профили и легури годишно.

ТЕАЛ има едностепен систем на управување. Одборот на директори се состои од 5 лица, од кои едно е внатрешно од компанијата, е другите се надворешни.

ТЕАЛ располага со работен простор – индустриски објект и земјиште во Тетово, погони за производство и административна зграда се со вкупна површина од 7981 м2 и земјиште од 70.180 м2.

Во изминатите неколку години се инвестираше во одржување и модернизирање на постоечката опрема. Стратешката определба на компанијата е добар квалитет и постојан развој, за што компанијата гарантира со модерните лаборатории за металографија, спектрометрија и механичко испитување, но и со влезната контрола на суровините и завршната контрола на готовите производи.


— Статистика

1989

година

Друштвото беше основано во 1979 година како дел од АЛУМИНА – Скопје. Во 1989 година ТЕАЛ беше пререгистриран како посебно претпријатие. Во 1999 година, доминантен сопственик стана германската компанија РАКУ.

2000

Тони

Во 2006, 2007 и 2008 година, беа произведени максимални количини од над 2000 тони алуминиумски профили и легури годишно.

7981 м2

Погони за производство

ТЕАЛ располага со работен простор – индустриски објект и земјиште во Тетово и во село Милетино близу Тетово: во Тетово – погони за производство и административна зграда се со вкупна површина од 7981 м2 и земјиште од 70.180 м2