— Еколошки аспект


Локацијата на ТЕАЛ е во индустрискиот дел на Тетово. Во поглед на имплементацијата на проектот, можеме да заклучиме дека производите се направени со високо изразена еколошка компонента.

Вработените се придржуваат кон воспоставените процедури. Избраната технологија не креира загадување или перманентни оштетувања на околината. Производниот погон има надворешна и внатрешна хидрантска мрежа.

Неодамна компанијата доби еколошка дозвола од Министерството за Екологија за усогласување со Интегрираниот Систем за Управување со Превенцијата на Загадувањето – IPPC.

Можеме да заклучиме дека не се очекуваат загадување на околината од процесот.


— ТЕАЛ поседува сертификат ИСО 9001:2008, добиен од страна на LLOYD'S REGISTER.