— Вработени


Во ТЕАЛ во моментот се вработени над 40 вработени вклучувајкќи и високостручни и квалификувани кадри со долгогодишно работно искуство. Дополнително, ангажирани се и надворешни соработници. Производството се одвива во три смени, кое е условено со целите за постигнување на поголема искористеност на капацитетот.


— Извршен одбор


На позицијата извршен директор е е г-динот Сотир Чорбаџиев. По образование е дипломиран инженер архитект. Неговото работно искуство, пред доаѓањето во ТЕАЛ, е во соработка со скопската Алумина, каде како архитект учествувал во дизајнирањето на профили, но и во дизајнирањето на градежни решенија во кои се инкорпорирани алуминиумски профили. Тој е одговорен за управувањето со квалитетот, следењето на производните процеси и управувањето со менаџмент информацискиот систем.