— Развојни планови и инвестиции


Следејќи го стабилниот раст и растот на побарувачката на пазарот, менаџментот на компанијата разгледува можности за подобрувања и проширување на производниот капацитет во двата дела на главниот технолошки процес (леарница и екструзија), и додавање вредност на финалните производи преку дополнителна површинска заштита на готовите производи.

Подобрувањата во леарницата, каде се врши топење и легирање на алуминиумот, се планирани со воведувањето на т.н. SNIF систем (Spinning Nozzle Inert Flotation System ). Ова е систем на рафинирање кој овозможува подобрен квалитет на металот, намалено време за процесирање, намалени емисии и пониски оперативни трошоци. Како што стандардите за квалитет за алуминиумските профили се зголемуваат, рафинирањето стана неопходно. SNIF системот, првобитно развиен од страна на Union Carbide во 1974 година, е широко прифатен и применет низ целиот свет. ТЕАЛ во моментот не располага со таков систем а негово воведување значително би ги намалило загубите во производниот процес.


— ТЕАЛ поседува сертификат ИСО 9001:2008, добиен од страна на LLOYD'S REGISTER.


— Подобрување на процесите


Подобрувањата во процесот на екструзија се планирани преку постојани активности на одржување и подобрување на постоечката опрема и набавка на нова преса за екструзија, со поголем капацитет, што ќе и овозможи на компанијата да започне производство на висококвалитетни профили од тврди легури на алуминиум, за кои постои големо побарување на пазарот.