— За нас
Главна активност на акционерското друштво ТЕАЛ АД е производство на алуминиумски легури и алуминиумски профили.
Друштвото беше основано во 1979 година како дел од АЛУМИНА – Скопје. Во 1989 година ТЕАЛ беше пререгистриран како посебно претпријатие. Во 1999 година, доминантен сопственик стана германската компанија РАКУ.
— Производи
Клучни производни групи се алуминиумски легури во форма на трупци и алуминиумски профили со различен попречен пресек.
— Планови и инвестиции
Следејќи го стабилниот раст и растот на побарувачката на пазарот, менаџментот на компанијата разгледува можности за подобрувања и проширување на производниот капацитет.
— Мисија
Од 1978 година, ТЕАЛ е компанија која успешно ги задоволува потребите на купувачите со квалитетни алуминиумски профили.
— Гледајќи во иднината
Одржливиот развој е една од клучните компоненти на корпоративната култура на Теал.
Ние ја гледаме нашата компанија како „отворен систем“, кој бара ефективна комуникација со нашите деловни партнери, јавните власти, работничките колективи и пошироката јавност за нејзина одржливост.
— Категории
- алуминиумски трупци
- блок за дезоксидација
- алуминиумски легури
- алуминиумски профили
- цевки и шипки
- алуминиумска галантерија